Популарните „Маша и Медвед“ на македонски јазик во кино „Милениум“

Премиерата на популарниот руски аниминиран филм „Маша и Медвед“, синхронизиран на македонски јазик, е закажана за 27.04. (четврток), во кино „Милениум“.

Сторијата на филмот говори за Маша, тригодишно енергично, пријателско и итро девојче, кое живее во шумата и секогаш запаѓа во неволји. Нејзиниот добар пријател, мечето Медвед, кој ја штити, често запаѓа во неволји заедно со Маша.

Но, и покрај тоа, тие двајцата заедно со другите животни во шумата ја забавуваат публиката, но и ја учат на креативност, лојалност и вистинско пријателство.

Режијата на синхронизацијата е на Душица Новаковиќ, гласот на Маша го позајмува Дарија Пројковска, а времетраењето на филмот е 63 минути.