Понекогаш кога мислиме дека сѐ околу нас се распаѓа, токму тогаш работите си доаѓаат на свое место...

Психологот, писателот и мотивационен говорник Ралф Смарт има кажано дека во моментите во животот кога мислиме дека сѐ околу нас се распаѓа, всушност токму тогаш работите можеби си доаѓаат на своет место. Јас сум тука за да го проширам неговиот поглед со една моја сопствена приказна.

На почетокот од минатиот месец, од финансиски аспект сосема го допрев дното. Не можев да ја платам киријата за станот, а да не зборувам за превоз, нормално количество храна... Секоја вечер пишував по нешто, затоа што тоа беше единственото нешто што ме држеше нормален во такви времиња. Се обидував да направам се за да застанам на нозе, бидејќи ми беше срам да барам пари од роднини и пријатели за да преживеам. Верувам дека многумина можат да го препознаат тоа чувство кога ја ставаш својата безбедност во рацето на твоите сакани.

Како животот ме научи да бидам благодарен за сите убави работи?

Никогаш и сум немал многу. Пораснав во мала, трошна куќа со моите браќа и нѐ израсна самохрана мајка која немаше никаква поддршка. Додека растев правев многу жртви, дополнително работев уште од 16 години и немав џепарлак.

Дали би се вратил назад за да го сменам ова? Не. Затоа што јас сум еден од оние „среќни луѓе“. Јас сум човек кој одново и одново да надминува тешкотии и поради ова јас станав силен и издржив човек.

Моето детство ме научи на сочувствителност. Ме научи на тоа дека на луѓето им се случуваат лоши работи, уште полоши од она што ми се случуваше на мене, а сепак наоѓаат сила да надминат сѐ. Како мојата мајка. Таа го поминала речиси целото детство, таа немала никој и морала самата да се прехранува и да се грижи за себе. Таа особено ме научи на тоа дека е потребна храброст за да застанеш и да се издигнеш во моментите кога колената ти се тресат.

А претходниот месец ме научи дека животот има начин како да ги нареди коцките дури и кога првично мислиш дека апсолутно сѐ се распаѓа околу тебе.

Некако се си дојде на свое место кога успеав да платам кирија и имав пари да купам храна. Многумина можеби ќе помислат дека ова е малечка победа или дека воопшто не е победа. Но, за мене тоа беше една од најголемите победи.

Затоа што во процесот морав да ги барам тешките работи. Морав да барам заеми. Дополнителна работа. Јас ставив мојата сигурност во рацете на другите луѓе. Морав да бидам ранлив. Морав да издржам и опстојам!

И како што предвиде Смарт, сѐ си дојде на свое место!