Полицијата уапси четворица дилери

Полициски службеници од СВР Куманово вчера попладнето ја лишиле од слобода 39-годишната А.П. од Куманово, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена прашкаста материја.

Полицајци од СВР Скопје вчера попладнето во Градскиот парк го лишиле од слобода А.С.(29) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана и бела тврда материја.

Исто така вчера во 17 часот кумановската полиција го привела О.А.(40) од Куманово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена кафеава прашкаста материја, потоа пред полноќ полицајци од СВР Скопје на улицата „Огражден“ го лишиле од слобода В.И.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.