Полицијата пукаше на автопатот Велес - Скопје

На дадениот знак на полицијата тие не застанале и продолжиле кон автопат Велес-Скопје. Кај штипската клучка, биле пресретнати од веќе поставени патроли од полицијата.

Според податоците, било сопрено возило мерцедес, додека второто возило марка ауди со швајцарски регистерски ознаки, продолжило да се движи со голема брзина кон Скопје.

При тоа, еден од полицајците поради заплашување испукал 2-3 куршуми од автоматска пушка, додека лицата од мерцедесот, 38-годишниот Мемеди С.  од Скопје и совозачот  Шакири Б. биле приведени.

А, околу 18 часот и 40 минути од страна на СВР-Скопје, во близина на клучката илинден, приведени се лицата Абдула Ф. и Зејнел З. од Скопје. Едниот од нив имал влезно излезна рана во пределот на абдоменот и е пренесен на ургентен.