Полицијата приведе скопјанец кој поседувал марихуана

Вчера во 20.30 часот на ул.„Лихнида“ во скопската населба Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ш.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, се вели во полицискиот билтен.