Полицијата ќе ги заострува контролите и санкциите за неносење заштитна опрема

Полицијата ќе ги интензивира контролите поврзани со носењето на заштита опрема од страна на граѓаните. Ова денеска од Струмица го најави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Контролите пред се ќе однесуваат на носењето на заштитните маски кои се задолжителни и директно се  поврзани со олабавувањето на идните владини мерки.

,,Во таа насока ќе бидат засилени и централните контроли на секторите за внатрешни работи се со цел интензивирање на полициските контроли во насока на носење на заштитна лична опрема.,, рече Наќе чулев, министер за внатрешни работи.

Министерот Чулев останува на ставот дека неговата уредба со која бара линеарно наградување на полициските службеници со по 15 000 денари треба да се прифати. Смета дека тоа не е само награда за полицајците туку и мотивација за целокупниот придонес што го давале во борбата со корона вирусот.

,,Сметам и дека 15 илјади денари не е некоја голема сума, меѓутоа  многу ќе значи за полициските службеници во смисла на валоризација на  цел труд и придонес кој што го даваат. Сметам дека Владата има ресурси да им ја даде оваа награда заслужена  на полициските службеници на ист начин како што тоа беше одобрено за здравствените работници, бидејќи и полициските службеници и здравствените работници се во првите редови на оваа борба.,, вели Чулев.

За премиерот Оливер Спасовски барањето на министерот за  награда  за полицијата од 15 000 денари е гол  популизам.

 Според Спасовски фактот  што министерот Чулев понудил да бидат вратени пари во буџетот доволно говорело колку тој бил сериозен во намерите.