Полицијата изврши контрола на импровизирани тезги на пазарот во Синѓелиќ

Рано утрово при вонреден инспекциски надзор Инспекторатот на Град Скопје со своите комунални редари во координирана акција со надлежните инспектори од Општина Гази Баба и полицијата изврши контрола на диво поставените импровизирани тезги пред влезот на пазарот во Синѓелиќ и долж улицата и ги отстрани истите, кои правеа метеж и го попречуваа движењето на пешаците и велосипедистите. 

Вредно е да напоменеме дека на целиот овој потег Град Скопје во соработка со ЈП Улици и патишта постави метални заштитни столбчиња.
Инспекторат на Град Скопје останува и понатаму на оваа локација и будно ќе ја следи состојбата како трајно би го решиле овој проблем.