Полицајци ќе стопираат возила на Водно

Од денеска од паркингот на средно Водно, Одделението за превенција при СВР Скопје ќе почне со кампања и превентивни активности за реализација на кампања „Лето без пожари“.

Кампањата е во соработка со Град Скопје ПП Бригада на Град Скопје, Црвен крст на Град Скопје, а активностите ќе се реализираат на тој начин што полициски службеници ќе остварат средби со рекреативците посетители на „Парк шума Водно“ по случаен избор ќе сопираат и патнички моторни возила и на возачите ќе им укажуваат за ризиците од појава на пожар и штетите од евентуалната појава на пожари на отворено со укажување од последиците и да не палат оган на отворено.

Од страна на ППБ на Град Скопје ќе се направи обука и симулација на гасење на шумски пожар на вработените од Паркови и зеленило на Град Скопје и заинтересираните граѓани посетители рекреативци.

Активностите ќе продолжат во текот на летниот период во соработка општините на Град Скопје на девет стојни точки. Со остварување средби со граѓани и следење на состојбата на терен со превентивно делување со цел намалување на предизвикани пожари од невнимание од страна на граѓаните, преку подигање на свеста во однос на заштита и зачувување на зелените и шумските површини, како и подобрување на личната и севкупната безбедност на граѓаните да се обезбеди рано и брзо делување на надлежните институции за спречување на појава на пожари.