Полицаец од Скопје сподели емотивна објава поврзана со новиот закон за јазици

По најавите за донесување на новиот закон за јазици и неговото усвојување од страна на Владата на Република Македонија со емотивен статус на фејсбук се огласи Горан П. - полицаец од Скопје. Тој својата реакција околу новиот закон во форма на писмо ја достави електронски до редакцијата на Скопје Инфо. Емотивната објава ја споделуваме во целост:

Во Македонија навистина живот дојде па покрај подобар живот за земјоделците стечајците работниците , на ред дојдоа и полицајците. Полицајците истите оние кој што ги даваа животите во војната во 2001 истите оние кој што се бореа во Бродец во Диво Насеље истите оние полицајци кој што секојдневно се судираат со разните прекршители на законите, истите полициски службеници се тоа кој што се надеваа дека новата влада ќе им ги покачи платите ќе им донесе подобри услови за работа, сега се сведоци  на нај крупната реформа која се има случено во која и да било влад до сега во кое и да било време на било кој премиер, закон со кој што во населените  места каде што живее повеќе од 20 отсто на Албанско население да има замислете и на полициските униформи обележја со симболи и испишни со јазик на друга држава, замислете како ќе се осеќаат полицајците кој што биле во специјалните единици а денеска се на работни задачи распоредени во полициските станици во подрачјата кој што се опфатени со новиот предлог од законот  за јазици,оние полицајци кој што беа учесници во споменатите настани војната 2001  бродец диво насеље како ќе се присетуваат на својте колеги кој што со живот ја плаќаа одбраната на својата земја одбраната и  на симболите закачени  и јазикот испишам на нивните униформи, дочекаа некој да си поигрува со нивното достоинство некој  да им лепи симболи на соседна држава на полициската униформа , униформата заедно со полицајците кој што се облекуваат во неа е симбол на уставниот поредок во државата, каков поредок ќе спроведува полиција која што носи симболи на своите ракави од соседна држава, па дали знаете дека под униформата на полицајците има тела на луѓе, луѓе кој што имаат своја чест свој емоции, имаат емиции и кон државата која што во даден момент треба и да ја бранат, па како ќе ја бранат кога државата им ги ведне главите - замислете како ќе се гледаат граничарите од западнта и северната граница кога ќе видат дека граничарите од другата страна на граничната  линија ги носат истите симболи на своите  униформи , симболи кој што ја отсликуваат државата за кој што се борат живеат и се спремни да го дадат својот живот .

Инаку во јавноста не стивнуваат реакциите од граѓаните и експертите околу најавите за воведување двојазични униформи и банкноти. Од владејачката партија најавија дека предлог законот за употреба на албанскиот јазик ќе влезе во собраниска процедура веднаш по годишните одмори.