Погледнете како да ги победите постојаниот замор и заматеноста во главата

Поимот замор веднаш асоцира на слабост, исцрпеност, потреба за спиење, здодевност. Некои неколку поголеми лексикони одат подалеку од овој синоним. Заморот и енергијата се некако поврзани. Кога енергијата паѓа… заморот се зголемува. Денеска многу често слушаме за хроничен замор и недостаток на енергија и ова е сериозно прашање. Енергијата е клеточна функција која зависи од витамините и минералите кои ги внесуваме секојдневно и конзистентни ниски нивоа на енергија обично укажуваат на клеточен дисбаланс.

Железото е суштински минерал кој му помага на кислородот да циркулира низ телото. За да функционира и да се развива правилно телото, овој минерал е неопходен. Недостатокот од железо ги нарушува когнитивните способности, го намалува имунитетот и негативно да влијае врз работата, поради недостаток на енергија.

Цинкот помага во метаболичкиот процес, помагајќи да се претворат макронутриентите во компоненти потребни за создавање на енергија.

Бакарот ги претвора јаглехидратите во корисна енергија во клетките – енергијата што му е потребна на телото дури и за најосновните задачи.

Витамин Б12 е неопходен на клетките кои произведуваат енергија. Секоја клетка во човековото тело има потреба од овој витамин за целосна енергија и забрзан метаболизам. За жал, нашето тело не создава Б12 и има потреба од додатоци. Виското количество во Биоферилот ги обезбедува потребните количини за еден убав и енергичен ден, без чувство на замор.

Витаминот Б6 помага при разградување на протеините. Како резултат на тоа, вашето тело може побрзо да произведува енергија.

Витаминот Б1 е од суштинско значење за телото да може да користи јаглени хидрати како извор на енергија, како и за метаболизирање на амино киселини. Ова го победува заморот и недостатокот на енергија.

Биотин (витамин Б7)  помага во синтезата на масни киселини, во енергетскиот метаболизам и во синтезата на аминокиселините и гликозата. Дефицитот на биотин резултира со замор.

Магнезиум – овој минерал не само што помага при зголемување на енергијата и намалување на чувството на замор, туку помага и при одржување здрав крвен притисок, ја одржува крвта добро оксидирана, со што мускулите функционираат правилно.