Погледнете ја програмата за скопски Пиволенд

Со концертот на Рибља Чорба во среда се отвора новото издание на скопскиот фестивал на пивото Пиволенд. 

Српските рокери ќе ги забавуваат гостите на скопско Кале од полноќ до два часат наутро. 
Во четврток главни ѕвезди се Нокаут, додека во петок, ќе имате можност да го слушате Јаков Дренковски и Ефто Пупиновски, а забавата ќе заврши со трубачите од Левис Оркетстра.Во сабота вечерта е резервирана за Студени нозе, Тијана и Тамара а во ноќта музика ќе пушта Ди-џеј Славе. ВО недела на затворање ќе уживаме со Тотално опуштање и Фолтин.