Подобро е добар секс еднаш месечно, отколку секој ден, а неквалитетен

Повеќето од нас се прашале во некој период од врската: Колку често треба да имаме секс? Што ако имаме помалку секс од нашите пријатели? Дали нашата врска е осудена на пропаст ако немаме секс доволно често? И што значи всушност „доволно често“?

Овие прашања се погрешни сами по себе, бидејќи колку често имаме секс не одговара на многу поважните прашања како дали сексот е добар, лош или незадоволителен. Сепак, фреквентноста на сексуалните односи може да игра улога во нивото на задоволност од сексот и од врската.

Па, колку често имаат секс повеќето двојки? И што значи тоа за квалитетот на нашата врска?

Во истражување спроведено на 26.000 испитаници, објавено во Archives of Sexual Behavior, учесниците рекле дека имаат секс 54 пати годишно, што во просек значи дека имаат секс еднаш неделно. Овие резултати се разликуваат од исходот на истражувањето спроведено во 1990 година, кога испитаниците пријавиле дека годишно имаат 9 сексуални доживувања повеќе. Испитанците биле мешавина од луѓе кои се сингл, во врска, во брак или живеат со партнерот. Кога авторите на истражувањето ги разгледале одговорите само на луѓето кои биле во брак, статистиката покажала незначително помала фреквентност на сексуалните односи од  51 годишно.

Најсреќниот одговор

Колку се среќни двојките кои имаат секс колку што изнесува просекот – еднаш неделно? Во истражување во кое биле опфатени 30.000 испитаници, објавено во Social Psychological & Personality Science, истражувачите ја разгледувале поврзаноста меѓу искажаната фреквентност на сексуални односи на двојките и искажаното ниво на среќа.

Заклучокот е дека двојките кои рекле дека имаат секс еднаш неделно биле и најсреќни, а двојките кои рекле дека имаат секс 2-3 пати неделно (и почесто) не биле посреќни од оние што имале секс еднаш неделно. Значи и едната и другата група биле подеднакво среќни, без разлика дали имале секс еднаш или повеќе пати неделно. А што е со оние кои имаат секс поретко од тоа?

Потенцијално проблематичниот одговор

Според истото истражување, двојките кои имале секс поретко од еднаш неделно имале пониско ниво на среќа од претходните две групи. Но, според други истражувања на истата тема, има цела палета на одговори за тоа што значи „поретко од еднаш неделно“.

Во едно истражување на тема „брак без секс“, 16% од 2.029 испитаници во брак рекле дека немале секс во изминатиот месец. Авторот на истражувањето дошол до заклучок дека 15% од испитаниците немале секс во изминатите 6 месеци. Авторката на книгата „Сексуално изгладнет брак“, Мишел Винер Дејвис, го дефинира „бракот без секс“ како брак во кој партнерите имаат секс најмногу 10 пати годишно.

Причината ЗОШТО немате секс е многу поважна

Фреквентноста на сексуалните односи е скокотлива тема, но исто така е прашање чиј одговор најлесно може да ни помогне да ги споредиме нашите сексуални животи со туѓите. Меѓутоа, ако имате многу лош секс нема да ве направи среќни, ниту задоволни. Многу е важно да се признае дека причините зошто немате секс се многу поважни од тоа колку често имате секс. Тоа значи дека ако се расправате или ви поминала љубовта кон партнерот, тоа што немате секс може да биде симптом за многу поголем проблем. Но, ако сте едноставно зафатени со работа или со деца во одреден период, имате здравствени проблеми и слично, фреквентноста на сексуалните односи во тој период не е репер.

Треба да запаметите дека добриот секс што ве задоволува, дури и кога е еднаш месечно или поретко, може да биде подобра опција отколку секс еднаш неделно што нема да ви пружи задоволство или чувство на интимност и блискост.