Поднесени седум кривични пријави за убиството на Матка

Полицијата поднесе седум кривични пријави за убиството на момчето на Матка на Велика Сабота.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Е. (18), Џ.С. (18), еден 16-годишник, сите од с.Шишево, 16-годишник  од с. Сарај,  13-годишник од Скопје, 14-годишник од с. Грчец и 13-годишник  од с. Сарај поради постоење основи на сомнение дека А.Е. извршил кривично дело „убиство“, а другите пријавени извршиле кривично дело „учество во тепачка“, информираат од полицијата.

Оттаму додаваат дека на 15-ти април околу 15 часот пред браната-Долна Матка настанала меѓусебна вербална расправија помеѓу А.Е., Џ.С. и 16-годишникот од с.Шишево од една страна и останатите пријавени од друга страна.

-По  кусо време расправијата прераснала во тепачка во која А.Е.  со нож му нанел еден убод во пределот на градите на 17-годишник од с.Сарај од кој починал на местото на настанот, додека на неговиот брат со нож му нанел површинска расекотина во пределот на градите, стои во полицискиот билтен.

Од страна на Судија на претходна постапка на А.Е. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на другите пријавени им е изречена мерка претпазливост.