Подигнати 40 кубни метри кабаст отпад во Чаир

Во голема акција која се спроведе во Чаир изминатиов период беа подигнати и транспортирани вкупно 40 кубни метри кабаст отпад.

Акцијата, која ја спроведоа екипите на ЈП „Комунална хигиена“, се реализираше во периодот од 16 до 19 јули на територијата на општината Чаир, каде контејнери наменети за одлагање на кабаст отпад беа поставени на 4 фреквентни локации и тоа:

-Раскрсницата меѓу улиците Дижонска и Џон Кенеди;

-Раскрсницата меѓу булеварот Цветан Димов и улицата Коста Абрашевиќ;

-Улицата Серава (во близина на Ефтинија Импекс);

- Улицата Ресенска (во близина на Ресторан ФаФа).

И во наредниот период ќе продолжат да се реализираа вакви акции за собирање кабаст отпад и во останатите скопски општини.

Апелираме до граѓаните овој вид на отпад да го исфрлат во рамките на организираните акции, а во останатиот период од годината да ја искористат можноста старите кревети, душеци, санитарии, фрижидери, тв-приемници, шпорети и останатите електрични и електронски уреди бесплатно да ги депонираат во Центрите за селекција во Карпош и во Вардариште.