Подгответе се за незаборавен концерт на најуникатната Сара Мејс

Под покровителство на Град Скопје се подготвува концертот на една од најуникатните и најспецифичните музичарки во Македонија, Сара Мејс. Концертот ќе се одржи на 26ти септември во 20.00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, пред платото на МОБ.

На 1 септември Сара Мејс ја објави песната „Небо“ најавувајќи го својот најнов проект Floating through space with Sarah Mace со кој очекува да ги покори ограничувањата на конвенционалното и да претстави нешто ново и свежо во македонскиот етер.

Најновите артистички изданија на Сара Мејс потекнуваат од нејзината неуморна природа водена од енергијата која на македонската јавност им ги донесе Врне, врне, Намбареја, Пеперутки, Градина од цреши, Шаби – лаби и многу други. Во духот на бескрајниот креативен карактер Сара Мејс очекува да го приреди својот најуникатен настап заедно со уште 9 музичари, односно авторскиот тим на проектот Floating through space with Sarah Mace.

Концертот на Сара Мејс е отворен карактер и сите љубители на музиката се поканети на незаборавна забава и искуство.