Подготовка на оргинална домашна руска салата

Во некои земји меѓу кои спаѓа и русија ја викаат француска. Некои пак, Оливерова, по Луциен Оливиер, руски готвач со белгиско потекло, кој прв ја припремил во ресторанот Ермитаж во Москва. Денешната Руска салата има многу малку заедничко со оригиналниот рецепт кој и до денешен ден останал тајна за сите состојки во неа. Како таква претрпува модификации во одредени реони, па ова во дополнение само ви го нудам како предлог. Во овој на сликата сенфот, лимоновиот сок и стекот ги нема. Оваа салата се послужува и прави најчесто за некои свечени прилики (иако тоа нас секако не би не спречило да си ја направиме кога ќе ни се присака).

Сите зеленчуци и јајцата засебно сварете ги, но внимавајте на зеленчукот да не се превари за да си ја задржи својата форма кога потоа ситно ќе го исецкате на колку што можете помали коцкички.

Исецкајте го така и јајцето, шунката и кашкавалот и се измешајте во еден подлабок сад.Додадете си сол и црн бибер спрема вкус и мајонезот и добро измешајте. Доколку сакате и нешто од предложените додатоци исто така измешајте во смесата.

Сервирајте во подлабоки чинии или пак направете поголеми топки со додатен гарнир во поголема чинија. А можи и помали топчиња доколку сервирате во засебни чинии.

Одозгора може да ја премачкате со тенок слој мајонез (на сликата не е, бидејки не беше за гости) и да украсите по желба.
Чувајте ја во фрижидер до послужувањето. На здравје!

Состојки:

2 компири

2 моркови

2 јајца

200 гр грашок

4-5 кисели краставички

200 гр шунка

200 гр кашкавал

250 гр мајонез

сол, црн бибер

Можи, а и не мора (не дека и без некое од горе наведените ќе пропадне) уште

1 парче пилешки стек (или мешано со колбаси)

2 лажици кисела павлака

1 лажичка лимонов сок

1 лажичка сенф