Почнува регуларната грејна сезона - „БЕГ“ се обврзува температурата во домовите да биде најмалку 20 степени

Од денес почнува регулираниот период од грејната сезона. Испораката на топлинска енергија до домаќинствата се врши по строго утврдени правила.

Ако температурите надвор се пониски БЕГ има обврски да испорача поголеми количини и обратно се со цел на граѓаните да им се обезбеди конфор во домовите. Согласно стандардите и правилата температурата во домовите треба да биде минимум 20 степени или повеќе.

Годинава компанијата го влучи греењето една недела порано поради наглото заладување и пониски дневни температури од 12 степени. Според последните податоци 140 објекти беа исклучени од мрежата поради проблеми со внатрешните инсталации, неплатена струја или неовозможен пристап до подстаница.

Од компанијата уверуваат дека вклучувањето на греењето неколку дена пред почетокот на сезоната  нема да влијае на зголемувањето на авансните  сметки на потрошувачите.

Според податоците  расте бројот и на граѓани кои сакаат да се приклучат на мрежата. Од почетокот на годинава до сега околу 700 нови барања се пристигнати за приклучок но од таму очекуваат бројот да расте затоа што најголем дел се доставуваат кога ќе почне грејната сезона.

Годинава цената на топлинската енергија за домаќинствата  поевтини за 3,8 отсто, а лани за 10 проценти.

Минатата година се донесе одлука порамнувањето на сметките да не се прави два пати во годината туку само еднаш. Декемвриско порамнување повеќе нема туку само  во месеците мај јуни и јули.

Во моментов на градско парно се приклучени  околу 50 илјади граѓани.