Почнува Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice“

На лизгалиштето во спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска и утре ќе се одржува четвртиот Меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice“. Свеченото отворање е закажано за денеска во 19:15 часот со музички настап на Кристина Арнаудова и презентација на вештините на мраз на најмладите учесници на натпреварот.

Натпреварувачкиот дел стартува во 19:30 часот и тоа во категориите интерпретации А, Б и Ц (рекреативни категории), како и најмалата спортска категорија кадети Ц. Утре, настапите почнуваат во 07:30 часот, а од 10 часот ќе настапат учесниците од земјава и од странство кои ќе се натпреваруваат во меѓународно признатите категории – младинци, јуниори и сениори. Организатор на „Skopje on Ice“ е Федерацијата за лизгачки спортови. Влезот е слободен.