Почнува јавната расправа за случајот „27-ми април“

Од денеска до петок ќе се одржи јавна седница за случајот 27 април каде обвинети се поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков и 15 други лица.

Првостепената пресуда за овој предмет беше донесена во март минатата година и за кривичното дело „терористичко загрозување на државниот поредок“ 16 обвинети беа осудени на 211 години затвор. Освен поранешниот директор на БЈБ, Чавков, меѓу осудените лица за наведеното кривично дело се и други припадници на министерството за внатрешни работи и агенцијата за разузнавање.

Судијката Добрила Кацарска, која го водеше овој случај во Кривичниот суд Скопје, при изрекување на пресудата рече дека Чавков и другите обвинети полициски службеници биле известени за се во однос на насилниот упад во собранието, но не презеле ништо за да го спречат.