Почни со Водно: Денес после работа сите одиме на Водно

И денес во стандардниот термин, после работа сите заедно одиме на забава и дружење на Водно. Во 18,30 часот кај основното училиште „Кочо Рацин“ е зборното место за #ПочниСоВодно.

Ова не е иницијатива само за почетници, ова е иницијатива за да останеме здрави, и да си ја подигнеме формата, велат организаторите. Овој четврток ќе имаме поинаков автерворк, ќе биде со бенд на врв на Водно. Музичари кои свират кавери на странски хитови, македонска музика (Тоше, Влатко Стефановски) млади музичари на кои допрва им доаѓа времето. `Dad е името на овој млад бенд.

Сите заедно за забава, дружење и здрав живот. Денес после работа одиме на #ПочниСоВодно.