Починато машко лице пронајдено во хотелска соба во Скопје

Вчера во 20,00 часот од страна на итна медицинска помош било пријавено дека во просториите на хотел кој се наоѓа позади поликлиника “Бит пазар“ во Скопје, во хотелска соба е пронајдено починато машко лице, легнато на подот со траги од крв и метадон.

По кажување на вработените во хотелот, лицето кое што престојувало во хотелот пристигнало на 15.01.2018 година и се претставило како Б.М. без да остави документи за идентификација.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.