Почина жена повредена во сообраќајката кај Велес

Почина жената што прва е примена во Ургентен центар на скопските клиники во тешка шокова состојба, а која беше повреден во автобуската несреќа што вечерва околу 19 часот се случи кај велешката патарина, пренесе порталот Сакам Да Кажам.

Д-р Илир Хасани, управител на Ургентниот центар на скопските клиники, вели дека според последните информации со кои располага, во Ургентниот центар се донесени 14 пациенти од сообраќајната несреќа, меѓу кои и деветгодишно дете, во тешка здравствена состојба.

“Детето е препратено на Клиниката за детска хирургија. Двајца пациенти беа примени на одделот за Интензивна нега, за жал еден од нив подлегна на повредите. Тоа е жената која прва беше донесена, со повреди на натколеница, потколеница и подлактица и со повреди на белиоте дробови. Вториот пациент исто така е во критична состојба, со сериозни повреди на градниот кош, нагмечување на ребрата, клучна коска, и крварење во белите дробови“, вели д-р Хасани.

Шестмина од повредените се препратени на Клиниката за ортопедски болести за понатамошно следење на состојбата, а петмина се задржани во Ургентниот центар каде дополнително се прават испитувања за да се утврди дали ќе бидат препратени на останатите клиники или ќе бидат пуштени на домашно лекување.