Осум дена откако на бил крвнички претепан на Кејот на Вардар во Скопје, вчера почина скопјанецот С.М. (66) на Клиниката за неврохирургија во Скопје.
Утрото на 3 август С.М. пријавил во полициска станица дека ноќта на Кејот 13-ти Ноември бил претепан од непознато лице кое му нанело модринка на окото и расекотина по лицето.
По нападот, С.М. поради повредите на главата, бил задржан на Клиника.
Полицијата го пронашла и го уапсила насилникот А.Б. (43) од Скопје и против него поднела прекршочна пријава.