Почина легендарниот Велимир Бата Живојиновиќ

Изминатата вечер, почина еден од најпознатите Екс-ЈУ актери кој несомнено целиот Балкан го памети по легендарната улога во филмот „Валтер го брани Сараево“(„Валтер брани Сарајево“).

Велимир Бата Живојиновиќ е роден во далечната 1933 година во близина на Белград, во местото Кораќица. Актерската кариера ја започнал со своето деби на филмското платно во 1955 година. Има глумено во повеќе од 280 филмови и ТВ серии. Со своите улоги стекна огромна популарност во сите балкански земји, а особено во оние од поранешна Југославија. Неговата слава вистински ја опишува неговата популарност во Кина, каде е неколку пати прогласуван за најпопуларен актер. Без конкруенција се смета за најголем српски актер со најмногу улоги. 

Континуирано има играно главни и споредни улоги во филмови до доцните седумдесети, а подоцна само повремено, но не губејќи го извонредниот актерски квалитет. Неговиот карактер и харизма беше невозможно да се занемари. Кон крајот на својата актерска кариера реши да се опроба  и во политиката, кога 2002-ра година беше претседателски кандидат на Социјалистичката партија на Србија. 

Почина на 83 годишна возраст, во сон, како последица на неколкуте болести од кои боледуваше, во болницата „Св.Сава“ во Белград.