По викендот нова цена на горивата во Македонија

Дизелот поскап за половина денар, бензините со непроменета цена. Ова е одлуката на Регулаторната комисија за енергетика неделава.

ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 71,50 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се продава за 62 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) сега се продава за 52 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 1,162 денари и килограм од тој енергенс ќе чини 35,343 денар.

РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на изминатата недела. Следниот понеделник нова цена на горивата.