По што се разликува силната мајка од останатите?

Силната мајка не се силна сама по себе. Таа ве прави и вас силни, дури посилни и од неа. Силните мајки не ве учат тоа што ве учи општеството. Тие секогаш ќе ве учат да бидете тоа што сте и да се борите  за тоа што го сакате.

Како  знаете дека ве израснала силна мајка?

Таа секогаш ве охрабрува гласно да кажете што мислите

Силната мајка е искрена и отворена. Таа ги учи децата да бидат такви. Комуникацијата се цени и многу е важна за да се пренесе пораката. Со силна мајка покрај себе учите како да ги користите вашите зборови и како да бидете поврзани со вашите мисли и чувства.

Таа не ви кажува што да мислите, туку како да мислите

Силната мајка не му кажува на своето дете што да мисли, туку како да мисли. Таа уште од мали нозе ве учи да собирате информации од повеќе места и да дојдете до сопствен заклучок. Поради неа вие сакате да учите и да се премислувате и да поставувате прашања. Подготвените сте и да погрешите и да доживеете неуспех, затоа што знаете дека така учите.

Таа секогаш ви кажува колку е важно образованието, без оглед на тоа дали сте момче или девојче

Силната мајка ја знае важноста на образованието. Без него ќе бидеме празен лист. Силната мајка знае дека образованието не е поврзано со скапи училишта или најдобри оцени, туку за обрнување внимание, поставување прашања и себеизразувањето.

Таа ве учи да бидете сопствен ривал

Вашата мајка преку сопствен пример ви покажала дека ако се трудите доволно и ако дадете се од себе, ќе бидете наградени за тоа. Без оглед на тоа колку пати ќе се соочите со предизвици и колку често ќе имате тешкотии, едноставно продолжувате да се движите. Вашиот главен соперник сте самите вие и вашата мајка пред се сака да можете да се потпрете на самите себе.

Таа ја цени финансиската независност

Главната карактеристика на силната мајка е тоа што е независна и самодоволна и таа ја пренесува оваа карактеристика и на своите деца. Таа ќе ве учи да работите напорно и самите да си се грижите за сопствените финансии. За да преживеете, потребна ви е финансиска автономија. Освен заработувањето за себеси за никогаш да не бидете зависни од друг, таа ќе ве научи како да се грижите за вашето здравје и како да имате вредни и цврсти врски.

Таа ви ја дава самодовербата за да бидете тоа што сакате да бидете

Вие знаете кои сте и што сакате. Имањето силна мајка ви ја дава потребна самодоверба за да бидете тоа што сакате. Вие го носите тоа што го сакате и не се плашите да се изразите себеси. Барате знаење со тоа што се интересирате за светот околу вас. Силните мајки ги поттикнуваат своите деца да патуваат, да запознаваат нови луѓе, да имаат различни искуства и никогаш да не се плашат да пробаат нешто ново.

Таа ве учи да бидете сочувствителни

Една од најцврстите карактеристики кај луѓето израснати од силна мајка е нивниот капацитет да сочувствуваат. Силните мајки ги учат своите деца да бидат љубезни и човечни кон сите.

Таа ви покажува како да се поврзувате со луѓето

Важноста на семејството, пријателството и заедницата е уште поистакната кога сте израснати од силна мајка. Таа ви покажува дека ви требаат други луѓе и дека вие им требате на други луѓе. Вредноста на реципроцитетот и дарежливоста е особено истакната  и вие учите дека со силни врски и здружувања, вие ќе успеете.

Таа ви покажува како да бидете независни во секој поглед

Да, односите со другите се важни, но вие сте си и доволни самите на себе и можете да живеете без да барате дозвола од другите. Вие мислите за самите себе и носите сопствени одлуки. Вие сте лидер и ќе ги земете другите под ваша закрила, исто како што и вашата мајка се грижела за вас.

Таа ви кажува или да прифатите или да промените

Да се биде израснат од силна мајка значи да се има отворен ум. Вашата емпатија, широчина и тоа што не скокате да осудувате ве прави поприфатлив човек. Вие не се жалите. Или навистина ги прифаќате околностите или ги менувате.