По примерот на Јадран и во Охрид се нуди бесплатно сместување

Јадранот и Охрид нудат бесплатно летување на семејствата кои имаат деца со потешкотии во развојот.

По примерот на Балканот  и Македонија се приклучи во хуманата акција Изнајмувачи со срце формирајќи  фејзбук група која има за цел да ги мотивира станоиздавачите.

Нема поблагородно чувство од тоа да им помогнеш на оние на кои им е најпотребно да предизвикаш насмевка на лицата на семејствата и нивните деца велат оние кои веќе бесплатно понудиле сместување.

Сите заинтересирани кои имаат деца со посебни потреби сè што треба да направат е да погледнат  во понудите кои веќе се наоѓаат на групата да докажат каков проблем имаат за да не дојде до некои злоупотреби.

Оваа иницијатива под слоганот Не е се во парите со засилена брзина се прошири а потврда за тоа е податокот кој говори дека само за две недели  од основањето на Балканската Фејзбук група во неа имаше повеќе од  5.000 членови  додека македонската група за само два дена брои околу 700 членови.