По повод празникот Успение на пресвета Богородица во манастирот на Матка ќе се одржи бдеење и литургија

Во пресрет на одбележувањето на православниот  празник Успение на Пресвета Богородица кај народот познат како Голема Богородица, во манастирот во Матка, кај Скопје, во недела на 27 август ќе се одржи вечерна богослужба и полноќно бдеење. 

На денот на празникот, во понеделник во утринските часови со почеток во 8:30 часот во манастирот ќе се одржи Света Божествена литургија со која ќе чиноначалствува поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. 

Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција. Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма.