По повод “11 Октомври ” Градскиот дувачки оркестар утре ќе одржи променаден концерт

Утре по повод празникот 11 Октомври, со почеток во 17:30 часот, од Музеј на град Скопје кон улица „Македонија“ па се до плоштадот „Македонија", Градскиот дувачки оркестар ќе одржи променаден концерт со познатите музички дела, таканаречени „Чекорници“.

 На оваа музичка променада, членовите на оркестарот ќе ги изведат следниве дела:

 - Младинска чекорница

- Вардаре македонски

- Патриотска чекорница

- Вашингтон пост марш

- 3.Македонска бригада

- Огномет на слободата

- Во спомен на Ваташа

- За сите деца

- Дикси парада

- Работнички

 Градскиот дувачки оркестар, кој работи под покровителство на Град Скопје,  составен е од членови главно професионални музичари, како и од студенти на Факултетот за Музичка уметност во Скопје. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечана нота на истите.