ПО ПОВЕЌЕ ОД 20 ГОДИНИ: Комплетно реконструирани спортските сали во училиштата во Аеродром

Со цел на учениците да им се обезбедат најдобри можни услови за спортување и физичко воспитување, општина Аеродром изминатува години активно работи на обновување на салите во основновните училишта на нејзина територија.

Сега основците во Аеродром имаат часови и тренираат во комплетно нови спортски сали, а ова е само еден од над 200-те проекти реализирани за време на вториот мандат на градоначалниот Ивица Коневски во периодот од 2013 до 2017 година. Како што посочуваат од општината, цели 20, а во некои сали и 30 и повеќе години, немало вложено ниту денар за обнова и одржување.