По новиот автопат до Грција, граѓаните ќе застануваат на две патарини

Една кај Гевгелија, друга кај Демир Капија, изјави директорот за државни патишта Зоран Китанов.

Современите електронски патарини се во фаза на изработка, па така додека трае нивната изградба, граѓаните ќе бидат поштедени од плаќање. Рокот за градба е 8 месеци, а цената ќе биде согласно законот.

„Во моментов се градат нови патарини кои што ни навидум нема да бидат како овие постоечките, нема да има никакви застои. Електронски ќе бидат со припејд со тагови. Да, ќе има и на тој дел од автопатот патарини, но со голем проток, а цена се утврдува според правилник за километража. Брзаме, има по некој застој, но правиме напори со зголемување на кабини и на луѓе да нема застој. Ова е период да завршиме пред почеток на туристичката сезона.“ изјави Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.

Колку дополнително финансии ќе треба за Кичево - Охрид, се уште не се знае. Се очекува одобрување од парламентарците за анекс договорот, вели  министерот Сугарески. Заедно со директорот за државни патишта извршија увид во реконструкцијата на регионалниот пат Петровец-Катланово.Кој се очекува да биде завршен до крајот на мај.

Очекувањата се до крајот на годинава завршена да биде реконструкција на 30 регионални патишта.

Деновиве се очекува отпочнување со градба на два експресни патишта како и пуштени да бидат веќе завршените.