По наредба на општина Центар урнат дел од кафулето „Бастион“

По налог на општината Центар денес во раните утрински часови беше срушен култниот локал „Бастион“ кој е лоциран во Дебар Маало. Од локалот обвинуваат дека во неколку наврати се обидувале да најдат решение за проблемот и потенцираат дека уривањето е тенденциозно и незаконски.

Општина Центар насилно, без соодветна документација, а без да ја почитува веќе издадената дозвола од страна на Град Скопје, изврши рушење на дел од терасата на еден од најстарите кафе барови, а воедно и своевиден скопски бренд Бастион, се вели во соопштението кое денес беше испратено до медиумите.

При незаконското уривање со налог кој гласи на извесно физичко лице, а не на име на нашиот правен субјект, спротивно од веќе издадената дозвола за работа од страна на Градот Скопје, градежниот општински инспектор изврши рушење на дел од објектот, додаваат тие. 

Кафе барот Бастион кој вработува повеќе од 30 лица, кој е еден од најпосетуваните туристички и угостителски објекти.

Очигледно, на Градоначалникот Богдановиќ, му беа потребни спектакли за да покаже дека нешто работи, па во сред работно време пред туристи и гости се одлучи да покаже сила и моќ, а пред граѓаните на Општината дека работи во нивен интерес, иако со интервенцијата ги покази сите документи кои истата ги има донесено. Очигледно е јасно дека популарниот Српче нема визија, како сака да изгледа централната градска општина. Па од тотална неинвентивност и немање одговорност за заедништво, почнува со лични пресметки! Токму затоа ние како угостителски објект, но и останатите објекти на улицата Аминта Трети, обвинуваат сопствениците на локалот.

Од општина Центар нема реакција околу обвинувањата на овој и сопствениците на останатите локали во Дебар Маало.

air max 90 essential sale