Плетена корпа од тесто за велигденски јајца (видео)

Корпата од тесто е прекрасен декор за Велигденските празници. Иако изгледа комплицирано, сепак процедурата и не е толку тешка, погледнете го видеото: 

 

 

Неколку интересни идеи за вапцање јајца кои би ја надополниле оваа прекрасна корпа:

Металик јајца

Ќе ви бидат потребни сварени јајца, боја за јајца, селотејп, металик маркери во златна и сребрена боја.

Обојте ги јајцата со бојата за јајца според упатството. Оставете ги целосно да се исушат. Со селотејп залепете го јајцето така што селотејпот ќе ви ја претставува линијата до која ќе го обоите јајцето со металик маркерите. Од кога ќе го обоите, оставете го целосно да се исуши наопаку.

Златни јајца

Овие јајца се можеби и најлесни за подготовка. Ќе ви требаат сварени јајца и златен спреј. Ставете ги јајцата во картон за јајца и обојте ги со спрејот. Од кога ќе се исуши бојата, свртете ги и обојте ги и од другата страна.

Мињон јајца 

Ќе ви требаат сварени јајца, боја за јајца, црна волна, лепак, црн маркер и очиња налепници.

Во 2 чаши ставете 2-3 супени лажици оцет и во едниот сад ставете ја  жолтата, а во другиот сината боја. Во чашите стевете ¼ вода која е на собна температура. Промешајте и почнете да ги правите јајцата едно по едно. Прво ставете го јајцето во жолтата боја така што ќе му го обоите само врвот. Чувајте го така неколку минути. Оставете го да се исуши и повторете ја постапката и со сината боја. Од кога ќе бидат исушени, залепете ги очите кај жолтиот дел и со лепак залепете ја црната волна како што е на сликата. Со црниот маркер нацртајте ја устата и мињоните се готови.

Слични содржини:

Прекрасна традиција: Евтин и креативен начин за вапцање јајца (видео)

ВЕЛИГДЕНСКА ДЕКОРАЦИЈА: Бојадисате јајца на пареа (ВИДЕО)