Платите се намалуваат втор месец по ред

Просечната бруто и нето плата втор месец по ред паѓаат.

Во јули просечната бруто плата изнесува 33.228 и е помала за 0,5 отсто или за 281 денар во однос на јуни, додека во однос на мај е помала за 412 денари.

Во јули просечната нето плата изнесувала 22.671 денар и е за 0,6 отсто или за 137 денари помала од просечната нето плата во јуни, или за 218 денари помала од нето платата во мај.

По подолг период платата во Македонија се намалува од месец во месец, а ова е втор месец по ред.