„Пиволенд“ на Кале, еве кој ќе настапува (ФОТО)

Од 31 август до 4 септември во Скопје ќе се одржи гурманскиот викенд со пиво – „Пиволенд“. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во дегустација на многу видови пиво, гурмански деликатеси, како и во над 100 музички настапи на три фестивалски бини поставени на Кале.

Од организацијата ветуваат пет дена забава, добра музика и многу пиво, како и голем број забавни активности кои ќе придонесат за подобра фестивалска атмосфера.

Влезот и годинава е бесплатен.