ПИВО-ФЕСТ ВО ДОЈРАН: Ќе настапат Даниел Кајмакоски, Наум Петрески, Слаткаристика и многу други

Првпат оваа година, на 29.7.2016 (петок) и 30.7.2016 (сабота) во Стар Дојран, со почеток од 18 часот, ќе се одржи дводневен пиво-фестивал на на плоштадот „Под јаворите“.

„Дојран BEER Festival“ ќе располага со поставени штандови за точење, консумирање и презентација на разни видови пиво, штандови за скара, дводневна музичка програма за времетраење на целиот фестивал, со цел да се задоволат вкусовите на сите посетители.

Најважно - влезот е бесплатен.

Учеството на првиот пиво-фестивал во Дојран го потврдија: 29.7 (петок) - „Оркестар К’смет“, „Replay Band“, „Blackberries Band“, Даниел Кајмакоски, Наум Петрески, Слаткаристика, диџеј Че и други.

Додека пак за  30.7 (сабота) ќе настапат следниве имиња: Марко Логаут, Фиц (Студени нозе), „Бјело дугме“ Tribute by Влатко Илиевски, „Џамбо Агушеви Оркестра“, Ристо Самарџиев, „Cyrillic“...