Писмото кое Ајнштајн и го испратил на својата ќерка за универзалната сила на љубовта

Неодамна, писмото на Алберт Ајнштајн испратено до неговата ќерка стана многу распространето на интернет. Во ова писмо, еден од најгенијалните умови ги споделува своите погледи за универзалната сила на љубовта, за постојаната потреба на луѓето да бидат сакани и прифатени и за неговата верба во љубовта.

Истражувачите долго време не знаеле дека неговата ќерка Лиесерл постоела се до 1980-тите години кога проучиле дел од писмата меѓу Ајнштајн и неговата прва сопруга Милева Мариќ. Постојат шпекулации дека неговата ќерка починала на возраст од 3 години поради треска, додека пак други веруваат дека на таа возраст таа била дадена на посвојување. Таа е спомената во писмото од 19 септември 1903.

Овие зборови се дел од писмото

„ Многу луѓе не ме разбираа кога прв пат ја открив теоријата за релативноста. В ова писмо ти откривам нешто што ти треба да го пренесеш до целиот човечки родк. Но, внимавај – оваа порака е многу различна од предрасудите и недоразбирањата кои постојат во денешно врем.

Морам да побарам од тебе да ги чуваш писмата долго. Да ги имаш до себе се додека општеството не е подготвено да слушне и прифати тоа што во ова писмо ќе го споделам со себе. Постои сила која има огромна моќ, за која науката никогаш досега не нашла начин за да  ја објасни.

Тоа е моќ која владее со сите други моќи. Верувам дека тоа е и најголемиот феномен на универзумот, нешто што се уште не е откриено. Таа универзална сила е љубовта.

Голем дел од научниците сметаат дека не треба да се занимаваат со љубовта. Тие ја негираат иако е најмоќната, невидлива сила која постои. Љубовта ја претставува Светлината, за оние кои ја даваат и примаат. Таа е гравитација, поради тоа што ги привлекува луѓето еден кон друг. Љубовта е сила која го носи најдоброто од животот. Таа го чува човечкиот род од себичност и едноумие.  Ние живееме и умираме за неа. Љубовта е Бог, Бог е љубовта.

Преку оваа сила го откриваме значењето на животот. Ја игнорираме љубовта долго време бидејќи често се плашиме од неа. Но, можеби ја игнорираме бидејќи не можеме да ја контролираме и измериме. Не можеме да ја изразиме со броеви и разум.

Јас верувам дека најдов начин да ја направам љубовта повидлива E = MC2.

 Само ако наместо оваа равенка, успееме да прифатиме дека енергијата на универзалното лечење може да се постигне со множење на љубовта и брзината на светлината на квадрат, можеме да дојдеме до заклучок дека љубовта е неограничена, а со самото тоа и најмоќна сила во универзумот.

Хуманоста не успева во својот напор да ги контролира силите на универзумот, кои се свртени против нас. Затоа, важно е да се свртиме кон друга енергија. За целта на нашето преживување и нашата потрага по значењето на нашето постоење мораме да овозможиме дека прежувувањето на секое живо битие на Земјата зависи од љубовта. таа е единствениот точен одговор и решение.

Таквата сила може да се користи за изградба на бомба на љубовта и да се користи за да се уништи сета омраза, алчност и себичност на нашето време. Но, никогаш не заборавај дека секоја личност во себе има огромна енергија и љубов, која чека да биде споделена со светот.

Кога учиме да растеме и да ја развиваме таката сила во себе, драга моја ќерко, само тогаш ќе ја достигнеме целосната моќ на љубовта и нејзината способност таа да освои се, да се претвори од едно нешто во друго и да биде суштината на нашето постоње.

Секогаш ќе жалам што не ја изразив љубовта која ја имам за тебе во срцето. Верувам дека е можеби доцна за извинување, но те молам знај дека благодарение на тебе го достигнав ултимативниот одговор во животот.

Твојот татко,

Алберт Ајнштајн