Писмо од еден „папучар“: Јас сум и партнер на сопругата, а не гостин кој само јаде и спие

Мажите кои ги сакаат и почитуваат нивните сопруги обично од страна на други мажи се окарактеризирани како „папучари“. Многумина се срамат од таа „титула“, но еден маж ја кажа својата страна токму на оваа тема.

Еден мој пријател дојде кај мене на кафе, седевме и разговараме, зборувавме за животот. „Одам за секунда да ги измијам чиниите кои останаа“, му реков.

Ме погледна како да му кажав дека тргнав да конструирам вселенски брод. Ми кажа, со воодушевување, но и помалку збунето: „Добро е за тебе што и помагаш на својата жена, кога јас ќе го направам тоа мојата жена тоа не го цени. Една недела го избришав подот, не добив ниту благодарам“.

Се вратив и седнав до него и му објаснив дека не и помагам на својата жена.

На мојата жена не и треба помош, и треба партнер. Јас сум партнер во куќата и поради тоа партнерство се поделени задачите, но сигурно не се работи за помош во куќата.

Јас не и помагав на својата жена да ја исчисти куќата затоа што и јас тука живеам и мора и јас да ја чистам.

Јас не и помагам на својата жена кога готви, бидејќи и јас сакам да јадам и морам и јас да зготвам.

Јас не и помагам да ги измие садовите после јадење затоа што и јас ги користам истите.

Јас не и помагам околу децата затоа што тоа се и мои деца и моја е улогата да бидам татко и родител.

Не и помагам да ги пружи алиштата и да ги испегла бидејќи тоа се и мои алишта и мои деца.

Јас не сум помош во куќата, јас сум дел од куќата.

А што се однесува до ценењето го прашав, кога последен пат откако неговата жена завршила со чистење, перење, откако ја сменила постелнината, ги изнжбањала децата, организирала и така натаму и рекол благодарам? Но, благодарам во стилот „Жено моја, фантастична си.“

Ти изгледа чудно?

А кога ти, еднаш во 100 години, си го исчистил подот очекуваш минимум награда за сработеното.

Зошто? Дали некогаш си помислил на тоа пријателе?

Можеби затоа што според тебе, сето тоа е нејзина обврска? Можеби затоа што си навикнал сето тоа таа сама да го заврши,а  ти да не мрднеш со прст?

Цени онака како што би сакал  тебе да те ценат, на ист начин со ист интензитет.

Подај рака, однесувај се како вистински партнер, а не како гостин кој дошол само да јаде, спие, избања, испере.

Чувствувај се како дома во својот дом !!!