Писмо кое треба да го добие секоја оставена жена!

Ова е писмо за жените кои никогаш не добиле писмо, затоа што мажот никогаш не го ни напишал. Писмо кое не сте го држеле во раце, а заради кое можеби побрзо би продолжиле понатаму со животот. Писмо кое тој никогаш не го напишал, а кое ви било или ви е потребно за да го залечите вашето срце и сеќавањето на него. Ова е искрено писмо за извинување заради твоето срце кое тој го скрши на парчиња, писмо кое требаше да го напише, но никогаш не го напиша.

Жал ми е што те повредив.

И пред да превртиш со очите, сакам да ти појаснам нешто. Ова не е писмо полно со изговори, туку обид да ти објаснам што направив и зошто го направив тоа.

Ова е писмо во кое само сакам да ти кажам дека многу ми е жал за начинот на којшто те повредив и за тоа како завршија работите меѓу нас и заради начинот на којшто те напуштив и те оставив да се гушиш во болката која ти ја нанесов.

Вистината е дека бев себичен. Бев себичен и лут и доволно вообразен да мислам дека е во ред да се однесувам со тебе на начин кој всушност беше достоен само за презир.

Требаше да размислам, да мислам на тебе и на последиците од хаосот кој го создавав во твојот живот, но единствено мислев на себе.

Никогаш нема да си простам што те оставив на тој начин. Расплакана, изгубена како шумско животинче пред светлата на автомобилот. И само така те оставив, а тоа е најсуровата работа која можеш да му ја направиш на едно човечко суштество кое длабоко те сака.

А знам дека ме сакаше, знам колку ме сакаш и сега и мислам дека после се што ти направив, не заслужувам некој повторно да ме сака толку многу.

Знам на каде ти оди паметот. Тука не станува збор за искупување. Затоа што нема начин да се искупам за моето однесување кон тебе и го имаш сето право на овој свет да ме мразиш.

Само сакам да знаеш дека ме прогонуваш. Секоја ноќ тонам во моите соништа со сеќавањето на твојата смеа, твојата насмевка, начинот на којшто ме прегрнуваше и како правеше сите мои грижи да исчезнат барем за момент.

Секоја ноќ имам ноќни мори предизвикани од болката на твоето лице предизвикана од срцето коешто јас го скршив кога ја уништив нашата љубов со еден потег, со својот арогантен меч, велејќи дека заслужувам подобра од тебе. Би сакал да не ми требаше толку долго време за да сфатам дека таа некоја подобра веќе беше покрај мене.

Мојата подобра половина беше ти.

Нема да те навредувам со тоа што ќе побарам уште една шанса, бидејќи не ја заслужувам. Како би можела да веруваш на некој кој те напуштил кога највеќе ти бил потребен? Нашата љубов секогаш ќе ги носи лузните од моето предавство и напуштање. Се што сакам да ти кажам е ова: Се надевам дека си среќна.

Се надевам дека денот кога те повредив сега лежи длабоко закопан некаде во твоите сеќавања и дека си со некој кој те заслужува заради тоа што си прекрасна. Се надевам дека не ја скршив твојата способност да го сакаш со истата сила во срцето како што ме сакаше мене. Се надевам дека оној кого сега го сакаш се однесува кон твојата љубов како да е најдобрата и најсилната работа која некогаш му се случила.

Но, највеќе од се, се надевам дека твоето срце и душа закрепнале од се што ти направив.

Сакам да знаеш дека тоа засекогаш ќе ме прогонува, ќе го опседнува секој агол од моето срце, мојот ум и мојата душа. Сакам да бидеш среќна, затоа што ти го заслужуваш тоа повеќе од кој било на овој свет.