Писмо до сите жени: Заслужувате љубов за која отсекогаш сте сонувале

Ова е за оние жените кои се насмеани во текот на целиот ден, а плачат пред спиење. За  оние кои не мислат дека се доволно добро, доволно убави и доволно паметни. Тие кои не веруваат дека заслужуваат среќа.

Ова е за таа жена. Ако се чувствува осамено, ако сама се бори против сите во текот на денот.

Ова е за жената која изгледа како лавица – силна однадвор, а кревка одвнатре. За онаа која некогаш и самата почнува да верува во својата лажна насмевка. Ова е за жената која секогаш се бори, која никогаш не се откажува.

За онаа која се бори против животните неволји, која станува секогаш кога ќе падне. Која не го прифаќа тоа што не го заслужила.

Ова е за секоја жена која заслужува повеќе од тоа што го има. Ова е за храбрата жена.

Овие зборови се за онаа жена која сака премногу, посебно оние кои не го заслужуваат тоа. Онаа која дава многу, а на крајот срцето и е скршено на парчиња. Таа која е скршена, но која сака повторно и повторно. 

Овие зборови се за таа жена.