Писмо до мојот дедо кој е на небото...

Фала ти што беше толку прекрасен дедо. Никогаш нема да можам да те заменам, ниту да ги заборавам нашите спомени. Засекогаш ќе ги чувам близу срцето. Те сакам и ми недостасуваш секојден, ти мој ангел-чувару.

Драг дедо,

Ти го пишувам ова писмо на твојот роденден. Се надевам дека уживаш во рајот. Не можам да ти опишам колку ми недостастуваш. Не поминува ден без да помислам на тебе.

Ми недостасува нашето рибарење, твоите шеги, нашите прегратки. Ми недостасуваат оние моменти кога ќе влезев кај тебе дома и ќе те здогледав седнат на твојата столица. Тоа ми беа некои од омилените спомени.

Празниците не се исти без тебе. Тие денови сфаќав колку ти значи семејството. Ќе нѐ видеше сите собрани и целото лице ти блеснуваше од среќа. Толку беше горд на своето семејство.

Ти ме научи да рибарам, ме научи да бидам трпелива додека ја чекав рибата да загризе. Благодарејќи на тоа, сега сум многу трпелива во многу ситуации.

Највеќе од се ми недостасуваат прегратките. Обожавав кога ќе седнев кај тебе во скут. Колку и да бев тажна, тоа ме орасположуваше. Се чувствував безбедна и знаев дека никој не може да ме повреди во тој момент.

Обожавам кога ја слушам баба како раскажува приказни за тебе. Иако, посакувам да беше тука, покрај нас.  Има толку многу работи кои посакувам да ги видеше. Посакувам да можеше да ме видиш како дипломирам, да те запознаам со мојот дечко затоа што знам дека ептен ќе ви одеше муабетот.

Ти беше толку грижлив, полн со љубов и поддршка. Беше толку нежен. Ти беше како едно големо плишано мече.

Посакувам да можев да ти кажувам што ми се случува во животот, но од друга страна знам дека некаде таму на небото ти нѐ набљудуваш и нѐ чуваш.

Ти беше еден од најсилните мажи кои ги познавав. Љубовта која ја имаше за баба и за нас беше инспирација за сите. Се надевам дека ќе имам семејство и љубов како тебе и баба.

Фала ти што беше толку прекрасен дедо. Никогаш нема да можам да те заменам, ниту да ги заборавам нашите спомени. Засекогаш ќе ги чувам близу срцето. Те сакам и ми недостасуваш секојден, ти мој ангел-чувару.

Те сака,

Твојата кикиритка

 

new nike air max 2019