Писмо до мојата најдобра другарка за нејзината свадба...

До прекрасната невеста,

По многу планирање, организирање, солзи и врескање, стигнавме до денот за кој сонувавме и двете уште кога бевме мали девојчиња. Можам само да кажам дека е чест тоа што се уште сум покрај тебе. И двете научивме дека сите пријателства не траат вечно и долго и затоа ми е драго што нашето трае.

Паметам кога бевме мали девојчиња кои си играа со пластични потпетици и лажна шминка. Зборевме за тоа како еден ден ќе ги најдеме нашите принцови на бели коњи. На тие години не знаевме дека ќе ги поминеме наредните години бакнувајќи многу жаби. 

Дури и кога едната од нас се пресели, тоа не го промени нашиот однос. Паметам кога си кажавме „збогум“ кога одевме на факултет, знаејќи дека следните години нема да сменат ништо. Бевме една покрај друга за секое скршено срце, бришејќи си ги солзите. Паметам дека секогаш кога едната имаше проблем, другата беше тука за да помогне носејќи дел од тежината. Ти секогаш беше тука со  насмевка на лицето, ти секогаш беше најсилната светлина  која сјаеше и се надевам дека и јас бев таква. 

Ти беше тука за секој погреб, ти ја добиваше првата порака секогаш кога нешто добро ќе ми се случеше во животот. Но, над се, ние секогаш си бевме приоритет. Не постоеја тајни. Немаше лоши чувства за нешто. Ти ми беше сродна душа, човекот со кого можев да ја поминам заедно секоја пијанка, секој одмор, со кого правев премногу слики... Ние се разбиравме. Тоа што ја најдовме таа поврзаност толку рано и да ја одржиме таа поврзаност толку силна и после толку години и проблеми, е нешо за коешто секогаш ќе бидам благодарна.

И тогаш, еден ден, уште еден човек се придружи на нашиот ексклузивен клуб. Тој влезе во мојот живот насмеан, веќе знаејќи речиси се за мене. И уште од моментот кога го запознав знаев дека е твој и дека ти си негова. Со разбирање, полна со разбирање и закани, полека те пуштив. Се откажав од неколку од нашите пијанки без да се лутам. Знаев дека мојата улога во твојот живот и твојата во мојот беше да ја држам твојата рака додека не дојде некој што е доволно добар.

Мојето срце беше полно со среќа кога првиот пат ти кажа дека те сака. Го видов начинот на којшто те гледа, начинот на којшто се смееш, гледајќи во него. Знаев дека тој беше вистинскиот за тебе, дури и кога ти не знаеше. Тогаш го добив повикот и веќе знаев што ќе кажеш, дека на празниот прст на којшто стававме пластични прстени сега има нешто коешто ќе остане таму засекогаш. И тогаш планирањето почна.

Можам искрено да кажам, сега кога успешно го преживеавме планирањето на свадбата и стигнавме до тука, дека ние сега ќе можеме да преживееме се. Ти стоиш тука, најубавата невеста којашто некогаш постоела, стоејќи до маж за кој знам дека вреди.

До тебе господине, ти кажувам дека ти го освои срцето на мојата најдобра другарка. Ти го освои моето срце и срцата на сите нејзини пријатели и семејство. Ние ти ја предаваме тебе, знаејќи дека денеска за жена ја зема една од најпрекрасните жени на цел свет. Да ја сакаш исто како што ја сакаме ние. Да ја цениш исто како што ја цениме и ние. Да ја надминете секоја препрека која ќе ви се испречи во иднината исто како што го правевте тоа во минатото. 

Нема потреба да стојам тука и да ти кажувам се што е прекрасно кај неа, бидејќи знам дека никој од нас немаше да биде овде ако ти веќе не го знаеше тоа.  Фала ти. Фала ти што направи соништата на мојата другарка да станат реалност. Фала ти што и ја даваш бајката којашто ја заслужува.

А ти моја драга другарке, сакам да ти кажам фала за сите овие години. Фала ти што ми докажа дека сродните души постојат. Тоа што ти се мажиш не значи ништо. Одвај чекам да видам што подготвува животот за нас. Одвај чекам заедно да воспитуваме девојчиња кои ќе не полудуваат исто како што и ние ги полудувавме нашите родители. Иако некои работи можеби ќе се променат (нашите презимиња, нашата адреса, природна коса и брчките од смеење), знам дека ние никогаш нема да се промениме.

Како што Аристотел еднаш кажал: „Пријателството е една душа во две тела.“ Тоа е она што ти ми го имаш дадено и тоа е што јас се надевам дека ќе ти го давам до крајот на целиот живот.

Честитки,

Твојата најдобра другарка