Писмо до мојата најдобра другарка: Не заборавај дека ти си една во милион

Се сеќавам на моментот кога станавме најдобрит другарки. Не те ни познавав, но станавме многу блиски благодарејќи на заедничките пријатели. Да бидам искрена, не очекував дека ќе станеш личност која ќе ја нарекувам најдобра другарка и сестра. Не очекував дека баш тебе ќе ти се јавувам во 2 наутро за да побарам совет. Потребни беа неколку години за нашето пријателство да процвета, но вредеше. 

Сакам да ти кажам колку сум благодарна што постоиш во мојот живот. Не знам што би правела без тебе. Сакам да знаеш колку сум горда на тебе, на твоите успеси и резултати. Секогаш и секој ден навивам за тебе. Тоа никогаш немој да го заборавиш. Ти благодарам што ти си едноставно ти. Фала ти што секогаш си покрај мене, дури и кога сме далеку една од друга. Фала ти за сите ноќни разговори, фала за секое развеселување кога бев тажна. Фала што правеше да се чувствувам дека вредам. Фала што ме извлекуваше од дома кога не сакав да излезам. Фала ти што не се откажа од мене.  

Никогаш нема да заборавам дека сакаш пица, ниту дека не можеш да живееш без кафе. Никогаш нема да ги заборавам моментите кога плачев, ниту моментите кога заедно се смеевме како будали. Никогаш нема да ги заборавиме моментите кои ги споделувавме заедно. Жал ми е што понекогаш сум себична. Жал ми е што менувам расположение. Жал ми е што понекогаш кажувам погрешни работи.

Сакам да знаеш дека ќе направам сѐ за нашето пријателство да трае вечно. Никогаш нема да ги заборавам нашите ланови. Сакам да бидеш до мене кога ќе правам свадба. Сакам да доаѓаш на родендените на моето дете. Сакам заедно да го славиме мојот 50-ти роденден. 

Ти си една во милион и многу ми е драго што имам такво пријателство во животот. Горда сум на тебе и на сѐ што си. Фала ти за сѐ. 

Ти си мојата најдобра другарка, сестра, советничка, ангел-чувар. Сѐ во едно.

Сѐ што можам да кажам е дека сум среќна што те имам во животот.