Писмо до мојата ќерка: Се надевам дека животот ќе те научи што е тоа среќа.

Ќерко моја,

Се надевам дека целиот живот ќе останеш вака среќна и безгрижна. Се надевам дека ќе можеш да ја собереш оваа среќа која ја имаш сега и да ја сочуваш за сите дождливи и сиви денови кога ќе си постара и тажна и кога ќе ја дознаеш тагата која постои на овој свет.

Животот е една голема лекција. Те молам немој да се грижиш за бојата, националноста или религијата на една личност. Види во нивното срце и види добрина или злоба. Доколку тие се фини со тебе, чувај ги до себе, чувај ги во својот живот.

Те молам задржи ја својата насмевка на лицето кога ќе пораснеш. Овој свет ќе се обиде да те научи да ја оцениш книгата по корицата и луѓето по нивниот изглед, но те молам не го прави тоа. Верувај и на својата инутиција и секогаш барај го најдоброто од луѓето. А, ако тие не ти го дадат најдоброто, замини си.

Што и да правиш во животот, потруди се да го правиш тоа што те прави среќна. Општеството ќе се обиде да ти пренесе притисок и да те убеди што е тоа што е успешен живот, но ти сама одлучи што е тоа. Избери го својот пат, и ако е тоа што те прави среќна, потруди се да го постигнеш тоа. Биди своја. Биди посветена на тоа што го правиш. Твоите цели никогаш не се големи, ако се потрудиш, можеш да постигнеш што и да посакаш. Немој да дозволиш дека само поради тоа што си жена, дека не треба да направиш нешто.

Имај отворен ум, насмеј се и сакај го животот.

Ти си силна. Во животот ќе дојдат луѓе кои ќе те сакаат многу, а некои пак помалку. Никогаш не се извинувај за тоа што не си го направила. Ќе наидуваш на пречки, но сите нив ќе ги надминеш поради својата сила.

Дел од луѓето ќе го скршат твоето срце. Некои од нив и повеќе пати. Тоа ќе те боли многу, но те молам задржи ја насмевката која ја имаш сега и колку и да те боли, сети се дека ќе помине. Ти ја заслужуваш сета љубов на светот, но таа не доаѓа веднаш. Не брзај. Не ги форсирај нештата да се случат. Не прифаќај помалку отколку што заслужуваш.

Социјалните мрежи наметнуваат многу стандарди, но секогаш грижи се да бидеш среќна и здрава. Тоа е најважно. Верувај во себе. Постојано верувај во себе.

Во животот ќе се соочиш и со неуспеси. Понекогаш нештата нема да се одвиваат онака, како што ќе посакаш, но прифати го тоа. Луѓето прават грешки, луѓето се соочуваат со неуспеси. Тоа е дел од животот.

Поставувај прашања. Учи постојано. Патувај колку што можеш, запознавај луѓе. Види го светот.

Највеќе од се, се надевам дека иднината ќе ти го донесе тоа што го посакуваш. Се надевам дека животот ќе те научи што е тоа среќа.