Писмо до луѓето кои го подариле своето срце на луѓе кои не го заслужиле тоа...

Ова е за сите мажи и жени подеднакво, ако некогаш сте го подариле своето срце на личност која не го заслужува тоа, тогаш прочитајте ги овие редови...

Прво и основно, немојте ни да сте помислиле дека сте будали или слаби, вие сте токму спротивното. Вие сте силни и храбри затоа што сте минале низ пекол и сте го преживеале тоа.

Вашата љубов е уникатна, не постои ништо налик на интензитетот на вашата љубов кон луѓето што ги сакате. Вие љубите безусловно, свесни сте за злото и болката на овој свет и сепак сте одлучиле да го гледате доброто во луѓето, дури и во оние кои се злобни и лоши и затоа вие сте толку посебни и ве поздравувам и ви се поклонувам.

Ви се поклонувам затоа што сте преживеале И покрај сѐ, вие сѐ уште сте тука.

Ви се поклонувам затоа што сте решиле да дадете сѐ од себе и без да ви докажуваат дека го заслужуваат тоа. Ви се поклонувам затоа што сте верувале во нив.

Ви се поклонувам затоа што сте вложиле енергија и време во врска, иако тие не го направиле тоа.

Ви се поклонувам што тие луѓе биле ваш приоритет, иако вие не сте биле нивен приоритет.

Ви се поклонувам затоа што и покрај тоа што често знаеле да направат да се чувствувате како да сте неважни, вие сепак сте одлучиле да ги сакате.

Вие заслужувате да ја добивате целата енергија, внимание и љубов на овој свет, но поради себичноста на другите, вие сте завршувале празни и без подарена љубов. Јас сум тука да ви кажам дека вие го заслужувате светот и ништо помалку од тоа.

Некои луѓе се кршат кога ќе се соочат со лоши врски, но вие, кои сте создадени од љубов, едноставно не се предавате! Вие ја гледате душевната празнина во другите луѓе и се обидувате да ја пополните со љубов.

Вие љубите без да очекувате нешто за возврат и без задни намери и затоа ви се поклонувам.

Ви се поклонувам затоа што сте им верувале и сте им давале и втори и трети шанси иако не го заслужувале тоа.

И ве молам никогаш немојте да се чувствувате глупаво или слабо само затоа што тие ја земале вашата љубов здраво за готово.

Ви се поклонувам затоа што и во најтешките времиња ја држите главата гордо исправена и не дозволувате ништо да ве поколеба.

Ве се поклонувам затоа што верувате во љубов и во магичната моќ на љубовта.

Вашето срце е создадено од злато и иако било скршено на милион ситни парченца, сепак блескате како ноќното небо, полно со ѕвезди.

Ве поклонувам затоа што не им дозволивте да ја згаснат светлината во вас.

Вашата решеност да продолжите напред и да бидете поцврсти е инспирација и мотивација за сите!

Јас сум тука за да ви кажам дека сте прекрасни, посебни и дека на светот му се потребни повеќе луѓе како вас.

cheap nike air max 90