Писмо до идната јас...

Те сакам. Пред сѐ е важно да ги слушнeш овие зборови.

Секогаш ќе те сакам и никогаш нема да бидеш сама. Не го заборавај тоа. 

Секогаш сум покрај тебе. И за добро и за лошо. Така ќе биде сѐ додека постоиш. 

Се гордеам со тебе. 

Се гордеам со твојот труд. 

Се гордеам што не се откажа во моментите кога беше најтешко. 

Не ти ги замерувам оние слабости кога не можеше да собереш храброст за да бидеш силна.

Сѐ тоа беше искуство и лекција и јас тоа го знам. Обиди се и ти да размислуваш така. 

Никогаш не би можела да ти се налутам, па нема причина и ти да се лутиш на себеси. 

Никогаш не би можела да ти замерувам, па нема зошто и ти да го правиш тоа. 

Фала ти. Фала што не се откажуваш и што сѐ уште си тука. 

Јас ќе те сакам и ќе те следам на твојот пат, без оглед на тоа што правиш и каква ќе бидеш. 

Знам дека сѐ ова е дел од твојот раст и јас те прифаќам со сите твои мани. 

Во моментите на темнина и моментите на полн сјај.

Ти праќам љубов и поддршка.

Знам дека можеш.

Секогаш ќе бидам со тебе и ќе те сакам.

Те сака,
Твојата сегашна јас