Пијани сладоледи за супер летна забава (фото)

Подготвувањето коктели во чаши е веќе видено. Време е да ги изненадите и освежите пријателите со алкохолни коктел сладоледи.

Повикајте го друштвото во вашиот двор или подгответе ги и изненадете ги на некоја плажа за време на летниот одмор. Верувајте дека ќе ви бидат благодарни.

Сè што ви е потребно е некакво овошје, некој алкохолен пијалак, калапчиња и добар замрзнувач.

Одберете си го омилениот пијан сладолед:

1. Бурбон-праска

Во блендер измешајте 2 чаши лимонада, 1 чаша сок од праска и 50 мл бурбон, ставете го во замрзнувач и оставете го во текот на ноќта.

2. Минт-бурбон

Измешајте 2 чаши вода, 1 чаша кафеав шеќер, 1 чашка ментол и 1/3 чашка бурбон.

3. Tequila Sunrise

Сигурно сте го правеле коктелот во чаша. Потребни ви се истите состојки (2 чаши сок од ананас,3/4 чашка текила, 1/4 чашка гренадин) само замрзнати во калапчиња.

4. Киви и москато

Потребни ви се 2 киви, 2 лажици шеќер или мед, 1/2 чашка бело вино, 1/4 чаша вода.

5. Џин и краставица

Во блендер измешајте 1 краставица, сок од 2 лимона, 50 мл џин и 1 чаша пиво

Рецептот може да го прочитате на следната страна.

6. Маргарита и лубеница

Една половина од поголема лубеница, 3/4 чаша сок од лимон, 1/2 чашка шеќер, 1/2 чашка текила, 4 лимони, маргарита.

7. Бејлис

Вкусно задоволство од 500 гр јогурт од ванила, 1 банана, 100 гр. водка, 100 мл Калуа, 100 мл Бејлис 3 чоколади за готвење. Измешајте во блендер, замрзнете го во калапчиња и нема да може да му одолеете.

8. Sex on the beach

Најпопуларниот коктел може да го претворите во сладолед. Измиксајте ги состојките од 300 гр ананас, 100 гр малини, 150 гр водка и 50 мл сок од портокал.

9. Сангриа

Исечкајте овошје на коцки по ваш избор, додајте 1 чаша бело вино, 2/3 чаша сок од праска, 1/4 чаша минерална вода, 1 исцеден лимон и замрзнете.

10. Кафе

Наместо утринско кафе, расонете се со сладолед од 1/2 хопла, 1/2 чаша млеко, 3 лажички инстант кафе, 2 лажици шеќер, 1/2 лажичка ванила, 50 мл Бејлис.