Петмина лекари од Кожната клиника заболени од корона вирусот

Петмина од новозаболените од корона вирусот се вработени од Кожната клиника, рече министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес -конференција.

-После 16 дена поминати во изолација без никакви симптоми на тестовите имаат позитивен резултат. Тоа се колеги, тие се во добра здравствена состојба. Тие ќе продолжат да бидат во изолација, рече Филипче, додавајќи дека со нив биле тестирани уште 30 здравствени работници од клиниката, чии тестови биле негативни.