Петдневна временска прогноза

Денес е среда, 16 август 2017 година, 228-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:37, а ќе зајде во 19:36 часот. Денот ќе трае 13 часа и 59 минути. 

И ова утро во Македонија имаме ведро и свежо утро иако во најголем дел веќе утринските температури се во границите на просекот, освен на повисоките предели каде што имаме пониски утрински температури. 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност, ветровито и малку потопло време. Во попладневните часови во регионите околу Скопска Црна Гора, Шар Планина како и Беласица и Малешевијата на исток постојат услови за развој на нестабилност која што може да услови сосема слаби и локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб североисточен и северозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 10 до 22 степен, додека пак максималните дневни од 25 до 36 степени. УВ индексот ќе има вредност 8. 

СКОПЈЕ - Во Скопје денес претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Ќе дува доумерен слаб северен ветер. Утринската температура од 18 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 33 степени. УВ индекс 8. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Попладне во регионот на Шар Планина со услови за локални врнежи од дожд. Максималните температури од 26 до 36 степени. Во петок и сабота сончево и топло време со максимални дневни температури кои што ќе се движат од 27 до 37 степени, односно од 29 до 38 степени. Во недела претежно сончево и топло време. Попладне појава на локална облачност која што во северозападните и западните предели може да услови развој на нестабилност која што ќе донесе врнежи од дожд и грмотевици. Максималните температури од 28 до 37 степени. 

Weather4all.com.mk