Петар Ѓурчиновски е полицаецот кој вчера загина во сообраќајна незгода

Петар Ѓурчиновски, роден 1996 година во гостиварското село Тумчевиште е полицаецот кој вчера загина во тешка сообраќајна несреќа во моментот додека вршел увид на друга ссобраќајна несреќа. Тој денес беше погребан. 

Полицаец, син, брат, другар, фудбалер и човек кој вистински ја сакал својата татковина. Вака пријателите и познаниците го опишуваат младиот Петар. 

Вчера околу 19 часот на автопат Тетово - Гостивар, во близина на место викано „Тумчевишка клучка“ патничко моторно возило „форд фокус“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Ш. (31) од с. Грешница,кичевско удрило во двајца полициски службеници П.Ѓ. и Ф.Ш. додека извршувале работни задачи - обезбедување на место на настанот од претходно случена сообраќајна незгода. Потоа патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Б. (39) од с. Синичане, кое се движело во правец Гостивар - Тетово удрило во полицискиот службеник П.Ѓ.

По незгодата, со возило на итна медицинска помош полициските службеници се пренесени во Медицински центар Гостивар, каде од доктор кај П.Ѓ. е констатирана смрт, додека кај Ф.Ш се констатирани тешки телесни повреди.